ГАГОВ, Никола

ГАГОВ, Никола (Струга, 22. Ⅱ 1936) – оперски певец – тенор, првенец на Операта на МНТ. Му-зичкото образование го оформил на Средното музичко училиште во Скопје. Пеење учел кај П. Бог-данов-Кочко. Дебитирал како со-лист со улогата на Су-Чонг во оперетата Земја на насмевките. Настапувал во Операта на МНТ (1960-1996), а меѓувремено бил и в.д. директор на Операта и Бале-тот на МНТ (1992–1993). На оперската сцена на МНТ исполнил повеќе од 30 главни улоги меѓу кои позначајни се: Алфред (Травијата), Пинкертон (Мадам Батерфлај), Дон Хозе (Кармен), Манрико (Трубадур), Марио Каварадоси (Тоска), Неморино (Љубовен напиток), Војводата од Мантова (Риголето), Фауст, Родолфо (Боеми). Гостувал во Турција, Полска, Романија и во неколку оперски куќи во поранешна Југославија. Настапувал и како концертен певец во вокално-инструментални дела. Поседува богат и волуминозен глас со лирска боја, буен темперамент и сигурен и супериорен настап на сцената. Ф. М.