ГАБЕР, Виктор

ГАБЕР, Виктор (Скопје, 8. Ⅻ 1948) – дипломат од кариера и публицист. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира (1973) и магистрира (1979) на Правниот факултет во Скопје. Работи како втор (1980– 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981–1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989–1993); потсекретар во МНР на Република Македонија (1993–1996); шеф на дипломатската мисија на Република Македонија во Италија, од каде ја покрива и АРЕ и шеф на постојаната мисија на Република Македонија кај ФАО, ИФАД и Светската програма за храна (1996–2000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Австралија (2004–). БИБ.: Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата светска војна, 1985; Премрежјата на македонскиот интелектуалец, 2003. ИЗВ.: Архива на Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр.