ВИДОЕВСКИ, Ѓорѓи

ВИДОЕВСКИ, Ѓорѓи (с. Никуштак, Кумановско, 28. Ⅶ 1932) – лекар. Завршил Медицински факултет во Скопје (1964). Тој е примариус по интерна медицина. Се занимавал со воздухопловното едриличарство (од 1946). Завршил училиште за пилотирање (1951). Самостојно летал околу 1000 часови. Тој е основоположник на воздухопловната медицина во Македонија, а и едуциран за оваа проблематика во Воениот воздухопловен медицински институт во Земун (1970). Формирал Воздухопловна лекарска комисија (1988). Тој е основач на Кабинетот за воздухопловна медицина во Скопје (1993). Објавувал трудови од воздухопловната и интерната медицина. Д. С. Божидар Видоески