ВЕЛКОВ, Миодраг

ВЕЛКОВ, Миодраг (Скопје, 1930) – градежен инженер, истакнат стручњак во градежното конструкторство, редовен професор. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1955). По дипломирањето работи во областа на проектирањето на конструкции во тогашниот Завод за изградба (подоцна „Македонија-проект”). Скопскиот земјотрес (1963) создава потреба за нови сознанија во градежното конструктерство. Активно работи и се усовршува како конструктор во Советскиот Сојуз и во Романија. Од 1965 г. работи во ИЗИИС, Скопје, особено на кадровското оформување на оваа институција како раководител на Отсекот за високоградба. Докторирал на Градежниот факултет во Белград (1970). Во 1979 и 1982 г. престојува на Станфорд Универзитетот во САД. Тој е постојан експерт на ООН, во кое својство работи во Перу, Алжир, Ки-пар, Ерменија и во Романија. Има публикувано над 100 научностручни труда и е цитиран од над 20 странски истражувачи. Од посебно значење е неговата активност како проектант-конструктор со над неколку илјади проекти во земјата и во странство. Тој е меѓу првите проектанти во Европа што ја воведуваат методологијата Цапацитѕ Десигн Процедуре. Престојувал на повеќе универзитети во светот. К. Тал.