ВАНГЕЛОВА-СЛАВЈАНКА, Стерјана

ВАНГЕЛОВА-СЛАВЈАНКА, Стерјана (с. Добролишта, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1924) – деец на македонското и на грчкото комунистичко движење. Учествувала во Антифашистичкиот отпор (1941–1944). Во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946–1949) била секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Костурско и Леринско и организационен секретар на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија. Во 1948 г. емигрирала во НРМ. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, Ⅵ, Скопје, 1983. Ст. Кис.