БРОДСКА КЛИСУРА

БРОДСКА КЛИСУРА – клисура во долината на Треска. Се протега меѓу с. Преглово во Кичевската Котлина и Македонски Брод во должина од 7,5 км. Клисурата е всечена меѓу планините Песјак од север и Бушева Планина од југ, во палеозојски шкрилци. Двете долински страни се доста стрмни. Бродската Клисура нуди оптимални услови за изградба на брана и вештачка акумулација. Т. Анд. Јосиф Бродски