БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел (Х. Н. Браилсфорд) (Мирфилд, ВБ, 25. Ⅻ 1873 – Лондон, 23. Ⅲ 1958) – Насловната страница од делото на Хенри Ноел Брејлсфорд виден британски лабуристички новинар, публицист, писател, унив. професор и експерт за Балканот. По завршувањето на високото образование во Глазгов, извесно време предава на Колеџот на Кралицата Маргарита во Глазгов, но ја напушта универзитетската кариера и станува новинар и политички коментатор. Како доброволец во Филхеленската легија се бори во Грчко-турската војна (1897) што му дава мотив за единствениот роман „Метлата на богот на војната“ (1898). Од 1899 г. доаѓа во Лондон како новинар на в. „Морнинг лидер“, станува водечки коментатор на в. „Дејли њус“ и соработник на „Стар“ и „Нејшн“. По Илинденското востание, како секретар на Помошниот комитет на Балканскиот комитет во Лондон, застанува на чело на петмесечната англиска хуманитарна мисија во Битолскиот вилает во Македонија (1903–1904). Врз основа на собраните факти и сознанија од теренот, покрај извештајот во в. „Манчестер гардијан“ (25. Ⅳ 1904), ја објавува во Лондон и документираната обемна публикација „Македонија, нејзините народи и нејзината иднина“ (1906). Како експерт за Балканот, вклучен е во четворицата членови на Истражниот поткомитет на Меѓународната комисија на Карнегиевата фондација за истражување на причините и последиците од Балканските војни (1912–1913) и автор на трите (од седумте) поглавја на публикуваниот Извештај на Карнегиевата балканска комисија (1914). Учествува и во анкетата на Редакцијата на виенската „Балканска федерация“ (1925–1929) на европските интелектуалци за осуда на поделбата и состојбите во Македонија. Во 1950 г. беше двомесечен гостин на македонската Влада и по враќањето ја запозна англиската и меѓународната јавност со вистината за културно-националниот развиток на македонскиот народ во НРМ во рам-ките на ФНРЈ. БИБ.: Мацедониа: итс Рацес анд тхеир Футуре, Лондон, 1906; Репорт оф тхе Интернатионал Цоммиссион. То Инљуире инто тхе Цаусес анд Цондуцт оф тхе Балкан Њарс, 1914; Поранешните балкански војни (1912–1913). Извештај на Карнегиевата балканска комисија, Скопје, 2002. ЛИТ.: Јован Павловски, Време минато, време сегашно, Скопје, 2002, 311–329; Иван Катарџиев, Хенри Ноел Брејлсфорд и ослободителната борба на македонскиот народ, предговор во кн.: Х. Н. Брејлсфорд, Македонија. Нејзините народи и нејзината иднина, Скопје, 2002, 11–43; Европа за Македонија. Истакнати европски интелектуалци за македонското национално прашање (1925–1929). Избор и редакција д-р Орде Иваноски, Скопје, 1991. Бл. Р. Бреклинка