БЛАЖЕВСКА, Катерина

БЛАЖЕВСКА, Катерина (Велес, 12. Ⅶ 1967) – новинар. По дипломирањето на Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство на УКИМ во Скопје (1989) работи како новинар во Македонското радио (1990–1997), колумнист во неделникот „Денес” (1997–1999) и уредник на Политичката рубрика на в. „Македонија денес” (1998– 1999); уредник-коментатор (1999– 2003), заменик главен и одговорен уредник (2003–2004), главен и одговорен уредник (2004–2008) и уредник-коментатор во в. „Дневник” (од 2008). Бл. Р.