БИСТРИЦА

БИСТРИЦА – река во Егејскиот дел на Македонија, Република Грција. Таа е втора по големина река во Македонија. Извира од југозападните делови на планината Вернон, западно од врвот Витои (2.128 м), а во Егејското Море се влева кај Солунскиот Залив и заедно со р. Вардар градат делта. Долга е 297 км, а сливот зафаќа површина 2 од 6.971,7 км . Од изворот до северно од планината Вуноса (1.588 м) тече во правец северозапад-југоисток, а оттука лактесто свртува во правец југозапад-североисток. Пред вливот во Солунскиот Залив повторно добива правец на течење северозапад-југоисток. Поради малиот пад и честите поплави во Солунско Поле, нејзиното корито е регулирано. Др. В.