БАТАЛИ, Перикли

БАТАЛИ, Перикли (Крушево, ок. 1870 – Крушево, 1903) – општ лекар. Медицина завршил во Атина, а како лекар работел кусо време во Крушево. Во Илинденското востание, заедно со д-р Никола Димку, бил лекар на Привремениот извршен совет, одреден за лечење на болните и повредените востаници во судирите со турскиот аскер. Бил фатен од турскиот башибозук, заклан и оставен на патот како брутална опомена. П. Б.