БАДИВУКУ, Сихана Хусеин

БАДИВУКУ, Сихана Хусеин (Сихана Хусеин Бадивуку) (Приштина, 4. Ⅷ 1967) – виолинистка, унив. професор. Основно и средно образование завршила во Приштина, а потоа дипломирала на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски” во Москва. Постдипломски студии завршила во класата на проф. Е. Чугајева. Професор по виолина на Факултетот за музичка уметност во Приштина, концерт-мајстор на Гудачкиот оркестар на Косовската филхармонија, виолинистка во ансамблот „Вивенди“ и член на „Трио Харкор Косова“. Учествувала на повеќе меѓународни фестивали во земјата и во странство. Соработува со светски познати диригенти, вокални и инструментални солисти. А. П. БАДИЕВ, Благој Симеонов