БАДЕРСКА КЛИСУРА

БАДЕРСКА КЛИСУРА – епигенетска клисура во долниот тек на Бадерската клисура реката Пчиња. Се протега помеѓу с. Бадер во Скопската Котлина до вливот на реката Пчиња во Вардар во должина од 9,5 км. Таа е всечена во палеозојски шкрилци помеѓу ридовите Каменица (479 м) и Ветерски Рид (508 м), на исток и Мрамор (418 м) и Прнар (489 м), на запад. Во клисурата се изградени изразити вклештени меандри. Низ клисурата минува дел од автопатот СкопјеВелес. Т. Анд.