АХИЛ, Преспански и Лариски, св

АХИЛ, Преспански и Лариски, св. (се упокоил 330 г.) – епископ во Преспа и во Лариса. Учесник на Првиот вселенски собор во Никеја (325). Покровител на Охридската архиепископија и патрон на цар Самуил. Самуил ги донел неговите мошти на островот Свети Ахил во Преспанското Езеро, во истоимената црква наречена „Голема црква”, каде што еден период било и седиштето на Охридската архиепископија. ЛИТ.: Славко Димевски, Историја на Македонската православна црква, Скопје, 1989; Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, 1 и 2, второ фототипно издание, София, 1995; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр. Султанот Ахмед Ⅲ