АСНОМ

АСНОМ (23. Ⅸ 1944) како Народна библиотека, со иницијален фонд од околу 150.000 библиотечни единици од дотогашните библиотеки во Скопје, главно од дотогашниот Филозофски факултет. Подоцна е преименувана во Народна и универзитетска библиотека (1958). Со републичкиот Закон за библиотеките (1960) ги добива функциите на централна матична библиотека на СРМ. Сега располага со 12.000 м2 библиотечен простор, со над 3.000.000 библиотечни единици, од кои околу 1.000.000 монографски и околу 1.500.000 томови сериски публикации. Има софтвер за обработка и пребарување на библиотечниот материјал, како и развиена издавачка дејност. ЛИТ.: Водич низ Националната библиотека на МакедонијаКлимент Охридски”, Скопје, 1972; П. Н. Петровски – А. Андоновски, Општествените потреби и можности за развој на библиотеките во СР Македонија, ”Библиотекарски информативен билтен“, 1972, 12-13; Водич низ библиотеките во Република Македонија, Скопје, 1998. С. Мл.