АНЃЕЛКОВИЌ, Милорад Ж

АНЃЕЛКОВИЌ, Милорад Ж. (Меѓухана, Прокупле 16. XI 1927) – геолог, универзитетски професор. Дипломирал геологија на Природно-математичкиот факултет во Белград (1951), докторирал од областа на геолошките науки (1956), повеќе години бил шеф на Геолошкиот отсек и станал редовен професор (1967), продекан и декан на Рударско-геолошкиот факултет на Белградскиот универзитет. Објавил околу 170 научни и стручни статии и други прилози од областа на стратиграфијата, тектониката и регионалната геологија на Југославија, вклучително и за Македонија. Исто така, автор е и на 6 универзитетски учебници. Неговите трудови претставуваат значаен придонес кон комплексното изучување на геолошкиот состав, тектонската градба и историската геологија во Македонија, посебно во мезозојскиот и палеозојскиот период. С. Мл.