АНДАРТИ

АНДАРТИ (крајот на ⅩⅠⅩ – поч. ⅩⅩ в.) – вооружени чети формирани во Грција (од Грци од Крит, од грчката држава и мал дел од Македонија) и уфрлувани во Македонија за наметнување на грчко влијание со тероризирање на македонското православно население. Биле организирани од пангрчки организации поддржувани од грчката Влада и од Цариградската патријаршија, упатувани на теренот на дејствувањето на грчките митрополити во Македонија. Соработувале со османлиските власти и содејствувале со нивните органи на прогонот во акциите Чета грчки андарти против четите на Македонската револуционерна организација. Масовно навлегувале по неуспехот на Илинденското востание, кога нивното дејствување здобило карактеристики на надворешна оружена агресија во Македонија. Андартските чети биле координирани од грчките конзулати и владици. ЛИТ.: Крсте Битовски, Грчката „македонска борба”, Скопје, 2001; Доуглас Дакин, Тхе греек струггле ин Мацедониа 1897–1913, Тхессалоники, 1993. Д. Јов.