ЈОЦИЌ, Оливера

ЈОЦИЌ, Оливера (Вера) (с. Синѓелиќ, Скопско, 21. Ⅷ 1923 – Саса, Делчевско, 23. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој. Како гимназијалка станала член на СКОЈ (1941). По Априлската војна (1941) семејно заминале за Валево (Србија), каде што со сестрите станала борец во Јастребачкиот НОПО и била Оливера (Вера) Јоциќ примена за член на КПЈ (октомври 1941). По илегалната партиска дејност во Ниш (зимата 1942), продолжила како борец во Јастребачкиот НОПО, потоа во Врањскиот НОПО (средината на 1942), заменик-политички комесар на Третиот кумановски НОПО (од крајот на 1943), на НО (кумановски) баталјон „Орце Николов”, на НО (кумановски) баталјон „Христијан Тодоровски-Карпош„ и на Првиот баталјон на Третата македонска НОУБ (од 24. Ⅱ 1944). Во Пролетната непријателска офанзива била тешко ранета кај с. Страцин, Кумановско (20. Ⅴ 1944) и по три дена им подлегнала на раните. Воспеана е во познатата песна на Ацо шопов „Очи”. Прогласена е за народен херој на Југославија (22. Ⅻ 1951). ЛИТ.: Вера загина во јуриш… Седумнаесет години од смртта на народниот херој Вера Јоциќ, „Просветена жена”, бр, 5, Скопје, мај 1961, 2-3; Храбра до последен здив. 29 години од смртта на народниот херој Вера Јоциќ, „Вечер”, Скопје, 22. Ⅴ 1973, 9; Васил Куновски, Јоциќ Младен Оливера-Вера, Народни херои од Македонија. Скопје, 1973, 162-167; Слободан Поповиќ, Оливера Јоциќ-Вера, Скопје, 1977. С. Мл. Светлана Јоциќ