ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, АД СКОПЈЕ

ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, АД СКОПЈЕ – институција на пазарот на капитал, која врши две главни активности: (1) регистрација на сопственоста на хартиите од вредност и (2) порамнување,
т.е. размена на хартии од вредност и пари, врз основа на склучените трансакции со хартии од вредност. Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) е основан на 10. Ⅹ 2001 г. во рамките на еден поширок процес на дематеријализација на хартиите од вредност во РМ. Со процесот на дематеријализација, хартиите од вредност престанаа да егзистираат во материјална фор-ма и беа претворени во електронски записи, кои се евидентираат во ЦДХВ. Во базата на податоци на ЦДХВ се регистрираат сите издадени хартии од вредност и сите сопственици, односно иматели на хартии од вредност. На крајот од 2006 г. во ЦДХВ се регистрирани 182.075 иматели на хартии од вредност.
ЛИТ.: Комисија за хартии од вредност на Република Македонија, Пазарот на хартии од вредност во Република Македонија: денес и утре, 2006; њњњ.цдхв.орг.мк; Закон за хартии од вредност, „Службен
весник на Република Македонија“, бр. 95, Скопје, 2005. В. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *