ТИХОМИР

ТИХОМИР (? – 1040) – водач на Драчкото востание (1040), „познат по својата мудрост и храброст“, прогласен од востаниците за цар. Се приклучил кон востанието на Петар Делјан за заеднички акции против Византија. Во Скопје бил каменуван од востаниците, откако Делјан го истакнал своето царско потекло и бил избран за единствен водач.
ЛИТ.: Г. Цанкова-Петкова, ПетÍр Делян през погледа на неговите сÍвременици, „Исторически преглед“, 4, 1966. Б. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *