ТАМБУРА

ТАМБУРА – општ термин за повеќе видови жичени инструменти, кои според обликот меѓусебно многу не се разликуваат. Разликата се состои во бројот на гласовите (и жиците), од каде што произлегуваат разните термини за овој инструмент. Така, едногласната тамбура од две унисони жици се вика литарка или иќителлија, двогласните тамбури од четири жици (две по две унисони) се викаат четворка, чифтелија, карадузен, бозук или шесторка (на две места по три унисони жици). Кај сите нив тонот се добива со мали удари врз жиците со перце. Долги се околу 750–900 мм (вратот 360– 500 мм, а корпусот 250–300 мм). Нивната најчеста функција е да ги придружуваат народните песни. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 39. Ѓ. М. Ѓ.