СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – меѓународна манифестација, формирана во 1962 г. во спомен и чест на браќата Миладиновци. Ја формираа Друштвото на писателите на Македонија и градот Струга. Се одржува секоја година при крајот на август и трае 5-6 дена. На неа учествуваат поети и литературни критичари од разни земји од сите континенти. Секоја година се доделува меѓународната награда „Златен венец“ на едно истакнато поетско име од светот; награда „Мостови“ на поет дебитант од светот; награда „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор објавена меѓу двете манифеста
ции. Основни приредби на манифестацијата се: Меѓународниот митинг „Мостови“; Поетскиот портрет на добитникот на „Златниот венец“; Поетска вечер „Меридијани“; Вечер на поезијата на една од земјите учеснички; Симпозиум; Поетско матине; Претставување на поезијата на добит-

Лауреатот шејмас Хини пред споменикот на браќата Миладиновци, Струшки вечери на поезијата (2001)
никот на наградата „Браќа Миладиновци“. Учесниците настапуваат на литературни читања и во неколку градови во Македонија. СВП се отвораат со палење на фестивалскиот оган и со песната „Т’га за југ“ од К. Миладинов. Во Струшките вечери на поезијата е формиран Поетски архив со песни-манускрипти од учесниците и документација од сите настапи на манифестацијата. Основана е и Меѓународна поетска библиотека со книги од учесниците посветени на Струшките вечери на поезијата. Создаден е и Парк на поезијата, во кој секој добитник на „Златниот венец“ засадува дрвце. Струшките вечери на поезијата секоја година издаваат: Избор од поезијата на добитникот на „Златниот венец“; Избор од поезија од една земја учесничка; Избор од поезијата на добитникот на наградата „Мостови“; Избор од поезијата на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“; неколку книги од странски поети „Меридијани“; тематски избори од македонската поезија и др. Ј. Стр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *