СЛАВИСТИКА

СЛАВИСТИКА – научна дисциплина што се занимава со ис-тражување на словенските јазици и култури; универзитетски студии од таа област. Конвенционално за славист се смета научник што проучува и некој друг (не мајчин) слов. јазик и култура, значи: ако некој се занимава со македонски јазик, на пр., во Полска, ќе го оцениме како славист македонист, но

Учесници на Петтиот меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид (1971)
ако некој Македонец го проучува македонскиот јазик, тој е за нас едноставно македонист.
На Филолошкиот факултет на УКИМ од 1946/47 има Катедра за славистика со развиени три линии на специјализација: русистика (од 1949/50), полонистика (од 1983/84) и бохемистика (од 1993/94). На сите три правци има тригодишни студии (како втор главен предмет), а на русистика и на полонистика и четиригодишни студии (како прв главен предмет). Катедрата за славистика координира студии по источните и западните словенски јазици, додека студиите на јужнословенските јазици се поврзани соодветно со Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност. Научната славистичка продукција најчесто не излегува од кругот на разните типови наставни помагала (прирачници, речници, читанки и сл.) и статии објавувани во специјалистички списанија во земјата и во странство. Од 1976 Катедрата за славистика издава сп. „Славистички студии“ (досега се излезени 11 тома). Со Филолошкиот факултет е поврзано и сп. „Фолиа пхилологица мацедоно-полоница“, кое излегува наизменично во Македонија и во Полска и објавува материјали од македонско-полски научни конференции. При МАНУ излегува сп. „Студиа лингуистица поло-но-меридианославица“ (до 1991 г.:
„Студиа лингуистица полоно-југославица“), кое исто така се издава наизменично во Македонија и во Пол-ска. Научната активност во областа на славистиката ја поттикнува и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој периодично организира научни македонско-руски, македонско-чешки, македонскополски, македонско-словенечки и други средби. З. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *