ПЕТРОВЕЦ

ПЕТРОВЕЦ – село во Скопско. Се наоѓа во источниот дел на Скопско Поле, на надморска висина од 225 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 2.659 ж. од кои 2.312 ж. се Македонци, 99 Срби, 67 Албанци и 53 Роми. Населението се занимава со одгледување житни и индустриски култури. Тоа е седиште на општина што зафаќа површина од 20.193 ха, со 16 населени места, во кои живеат 8.256 ж. Постои осумгодишно училиште, здравствена и полициска станица и сточарска фарма. Ал. Ст.

Љубица Петровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *