ПЕДАГОГИЈА

ПЕДАГОГИЈА – наука за воспитанието. Минува долг пат на развиток, а како посебна научна и наставна дисциплина се конституира дури во ⅩⅠⅩ в. Заслугата за тоа му припаѓа на германскиот филозоф и педагог Ј. Ф. Хербарт (1776–1841). Определбата „наука за воспитанието“ и денес предизвикува полемички расправи, што се должи на различните сфаќања на суштината на воспитанието, така што не постои единствено мислење ниту во однос на името, ниту во однос на предметот на проучувањето. Ако воспитната
концепција се осмислува врз определено филозофско или социолошко учење, педагогијата се врзува за тоа учење: марксистичка педагогија, прагматистичка педагогија, социјална педагогија итн. Ако, пак, се има предвид општествената условеност на воспитанието, атрибутивноста се однесува на карактерот на општествениот систем во кој се организира и се остварува воспитанието (феудална, буржоаска, социјалистичка, граѓанска педагогија итн.). По Ослободувањето на Македонија, во времето на социјалистичкиот општествен систем, педагогијата се развива како општојугословенска концепција, заснована на марксизмот и е позната како марксистичка, односно социјалистичка педагогија. Притоа терминот педагогија се користи во смисла на интегрална наука за воспитанието, со разгранет систем на посебни научни дисциплини: историја на педагогијата (општа и национална), општа педагогија (теориска, системска), училишна педагогија, предучилишна педагогија, андрагогија, дидактика, методика, социологија на образованието, економија на образованието, педагошка психологија и др. На педагошки идеи во Македонија наидуваме уште во делото на св. Климент Охридски, во сферата на духовноста, односно моралното воспитание. Македонските преродбенски учители исто така имаат свој придонес во развојот на педагошката мисла кај нас. Од особено значење, пак, за развојот на педагогијата како наука е појавата на делото „школска педагогија“ на Ј. Ковачев (1873). Македонската педагогија интензивен развој доживува по Ослободувањето, со отворањето на студии по педагогија на Филозофскиот факултет (1946) и со излегувањето на првото македонско педагошко списание (в.) „Просветно дело“ (1945). Педагогијата денес е вклучена во студиските програми на сите наставнички факултети. На Фило

Учебникот
школаска педагогија
од Јосиф Ковачев (1873)

зофскиот факултет во Скопје постои посебен Институт за педагогија на кој 15 доктори на науки, со повеќе соработници, работат на развивањето на педагогијата како интегрална наука и на образованието на над 500 студенти во додипломските и постдипломските студии во областа на педагошките науки. Педагошката теорија и практика се развива и на педагошките факултети.
ЛИТ.: Ј. Ковачев, школска педагогија, Солун, 1873; Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 94–101. К. Камб.
Предавање на Педагошката академија во Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *