ОХРИД

ОХРИД – град во југозападниот дел на РМ, со 42.033 ж. (2002). Се наоѓа на североисточниот брег на Охридското Езеро и на ридот Плаошник, на надморска височина помеѓу 696 и 797 м. Зафаќа површина од 1.230 ха. Има умереноконтинентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,2°С и просечна годишно количество на врнежите од 690 мм. Со Скопје (преку Кичево, Гостивар и Тетово) е поврзан со магистралниот пат М-4, со Велес (преку Ресен, Битола и Прилеп) со магистралниот пат М-5. Од градот кон границата со Албанија водат две сообраќајници: една-

Влезната порта на Охридската тврдина (Ⅺ в.)
та преку Струга и преминот ќафа Сан и другата покрај источниот брег на Охридското Езеро и преминот Свети Наум. На северозапад од градот во Струшкото Поле се наоѓа меѓународниот Охридски аеродром „Апостол Павле“, кој го поврзува градот и охридскиот регион со повеќе европски градови.
Охрид спаѓа во групата најстари градови во Македонија. УШТЕ во античко време овде постоела градска населба. Во Ⅲ в. пр. н.е. таа се спомнува под името Лихнида. Сегашното име му го дале Словените, а значи „Во Хрид“ или „Од Хрид“. Во втората половина на Ⅸ в., како резултат на ми-

Охрид
сионерската дејност на Климент и Наум Охридски, градот израснал во најразвиено културно-просветно и црковно средиште на Македонија. Во времето на владеењето на Цар Самуил Охрид бил негова престолнина и седиште на Охридската архиепископија. Во Ⅺ в. градот веќе бил комплексно оформен, така што се состоел од два територијално споени дела: тврдината, која претставувала внатрешен град (акропол) и предградието надворешен град. Во почетокот на турското владеење и низ целиот ⅩⅤⅠ в. Охрид бил седиште на санџак и главен црковен центар. Забрзан развиток доживува во средината на ⅩⅠⅩ в. А. Буе наведува дека тогаш градот имал
6.000 ж. со 250 дуќани. Добро биле развиени кожарскиот и ќурчискиот занает, како и риболовот. По Балканските војни со иселувањето на Турците, населението се намалило, а градот и функционално
ослабнал. Значаен просперитет Охрид доживува во текот на втората половина од минатиот век. Неговото население од 12.640 ж. во 1953 г. се зголемува на 42.033 ж. во 2002
г. Од нив, Македонци биле 33.791 ж., Албанци 2.959 ж., Турци 2.256 ж., Власи 308 ж., Срби 331 ж. и Бошњаци 69 ж. Седиште е на општина, која зафаќа површина од
38.993 ха, има 29 населени места со 55.749 ж. Денес Охрид претставува најразвиено и најатрактивно туристичко место во државата, со повеќе модерни хотели, ресторани, автокампови и легла во приватни домаќинства. Богатото природно и културно наследство овозможило Охрид да биде прогласен за град на УНЕСКО (1980). Охридското Езеро се смета за музеј на живи фосили. Културната

Фреската „Оплакување на Христос“ во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ („Св. Климент“), Охрид (1295)
стратиграфија на градот е извонредно богата со археолошки споменици, како: Охридската тврдина, Античкиот театар, гробници, базилики и баптистериуми со раскошни мозаични ансамбли и декоративна камена пластика. Овде се наоѓаат и повеќе значајни културно-историски споменици како: црквата „Св. Софи-

Амблемот на Охрид ја“, катедрален
– град на УНЕСКО
храм на Охридската архиепископија, изграден и живоописан во првите децении на Ⅺ в., потоа „Св. Пантелејмон“ на Плаошник со гробот на св. Климент, манастирот „Св. Наум“ со гробот на св. Наум на јужниот брег на Охридското Езеро, црквите: „Св. Богородица Перивлепта“ („Св. Климент“), „Св. Јован Канео“, „Св. Никола Болнички“,
„Св. Богородица Болничка“, „Св. Богородица Челница“, „Св. Богородица Захумска“, пештерните цркви „Св. Еразмо“ и „Св. Стефан“ и др. Во градот има развиено повеќе индустриски гранки како: електротехничката, автомобилската, текстилната, индустријата за пластични маси и др. Ох-рид е домаќин на Балканскиот фолклорен фестивал и на меѓународната манифестација „Охридско лето“. Во Охрид има Народен музеј, Музеј на словенската писменост, Музеј на икони, Дом на културата, Здравствен дом, Гимназија, Средно техничко училиште и Факултет за туризам и угостителство.
ЛИТ. : И. СнегаровÍ, ГрадÍ ОхридÍ. Ма
кедонски преглед, кн. И, София 1928; Атанасије Урошеви¢,Охрид, Посебно издание на Филозовскиот факултет во Скопје, кн.
8. Скопје 1957; Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 – кн. Џ, ДСЗ, Скопје
2004. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *