ОРОВОДНИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ОРОВОДНИ НАРОДНИ ПЕСНИ – традиционални песни за играње на оро. Во подалечното минато тие биле единствените придружници на женските орски игри, кои биле лишени од инструментална придружба. Тоа траело сè до појавата на градската орскомузичка традиција, кога започнало играњето на ората во мешан состав со инструментална придружба и со паралелно заедничко пеење песни на мажите и жените. Тоа биле разновидни песни, кои не се поврзани само со ората, туку се пеат и без нив. Без исклучок, сите македонски ороводни песни се играат во мензурални ритмови
– постарите во рамноделни, а градските и со нерамноделни ритмови, меѓу кои е најзастапен 7/8 (3,2,2) ритам, во етномузикологијата познат како „ритам на македонското оро“.
ЛИТ.: Михаило Димоски, Метроритмичките структури на ората во Македонија, „Македонски фолклор, Ⅸ, 18, Скопје, 1976, 79-90. Ѓ. М. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *