НИКОЛОВСКИ, Димитар

НИКОЛОВСКИ, Димитар (Таки Даскалот) (Битола, 1921 – Ореовска Корија кај с. Ореово, Битол-
Димитар
Николовски
(Таки
Даскалот)

ско, 3. Ⅴ 1942) – политички деец и првоборец. Завршил учителска школа. По капитулацијата на Југославија се вклучил во Националноослободителното движење предводено од македонските комунисти. Бил еден од организаторите на Илинденските демонстраци во Битола (2. Ⅷ 1941). Станал член на КП и прв илегалец во Битолско, учествувал во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај с. Лавци (Ⅳ 1942) и бил избран за политички комесар со партизанско име „шумски“. Загинал во борбата со бугарските сили на прогонот кај с. Ореово, во Ореовската Корија (3. Ⅴ 1942). Неговото загинување е опеано во народните песни.
ЛИТ.: Воислав Кушевски и Светозар Наумовски, Димитар Николовски-Таки Даскалот (1921–1942), Скопје, 1998. М. Мин.

Ѓоко
Николовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *