МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје

МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУТ СО НУМЕРИЧКИ ЦЕНТАР на Универзитетот во Скопје (1966– 1977) – формиран заради интересот на општеството за кадри (математичари, инженери, економисти) што ќе работат во доменот на информатиката и применетата математика. Покрај редовниот состав, во него членуваа како надворешни соработници, математичарите од Математичкиот институт при ПМФ и од техничките факултети. Го раководеле, како директори: Б. Попов (1966-1969), Ѓ. Чупона (1969–1973), И. шапкарев (1973–1975) и Ж. Мадевски (1975– 1977). Во 1977 влезе во составот на Математичкиот факултет. Н. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *