МАРИОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

МАРИОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (крајот на јуни – почетокот на октомври 1944) – територијален партизански одред на НОВ и ПОМ при Командата на место за Мариово. Негова основна задача била заштитата на слободната територија во Мариовско, мобилизација и прифат на новите борци на НОВ и ПОМ и сл. По расформирањето, боречкиот состав бил прераспределен во бригадите на НОВ и ПОМ во Прилепското воено подрачје.
ЛИТ.: Д-р Миле Михајлов, Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија (1941-1945), ИНИ,
Скопје, 1992; Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945 година Материјали од научниот собир одржан на 14, 15 и 16 март 1983, И-Ⅲ, Скопје, 1985. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *