МАНАСТИР

МАНАСТИР – наоѓалиште на травертин. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од с. Манастир. Наоѓалиштето е многу специфично, би-дејќи тоа претставува еден плиоценски седиментационен басен, во кој покрај видовите бигор што се јавуваат во форма на плочи со дебелина и до 10-на метри, во него има и наоѓалишта на дијатомејска земја. Имено, станува збор за преслојување на видови бигор, песоци и силицити со дијатомејска земја најчесто бело-сива, која исто така претставува особен интерес за евентуална експлоатација. Заедничкиот пакет на видовите бигор, песоци и дијатомејска земја во наоѓалиштето Манастир достигнува моќност и до 15
м. Травертините се со нагласен квалитет кој се одразува преку шупликавоста и медено-жолтата боја.
ЛИТ.: Тодор Серафимовски, Наоѓалишта на неметалични минерални суровини, РГФ, Штип, 2006. Т. Сер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *