ЛУНДКВИСТ, Артур

ЛУНДКВИСТ, Артур (Артур Лундквист) (Одерлјунга, шведска, 3. Ⅲ 1906 – Стокхолм, 10. Ⅶ 1991) – истакнат шведски лиричар, раскажувач и публицист; претседател на Нобеловиот комитет. Напишал повеќе романи, есеистички книги, патописи и автобиографска проза. Во 1977 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Поетски книги: Жар, 1928; Гол живот, 1929; Синиот човек, 1932; Агадир, 1961; Елегии за Пабло Неруда, 1975; лирски прозни книги: Малинга, 1952; Огледало за денот и ноќта, 1953. ЛИТ.: Јон Милош, Сонувач со отворени очи. Песни, СВП, Струга, 1977. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *