КОЗЈАК

КОЗЈАК – средновисока планина што се наоѓа во јужниот дел на РМ, помеѓу планините Ниџе и Кожуф во Мариово. Планинското било е голо, заоблено и со меридијански правец на протегање, а највисок врв е Балтова Чука (1.807 м). Северно од него се издига врвот Перон (1.700 м), додека на самата граница со Грција е Голем Козјак (1.814 м). Меѓу превоите најзначаен е Требор (1.406 м) преку кој комуницираат прилепскиот и кавадаречкиот дел од Мариово. Т. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *