КАМХИ, Рафаел Моше

КАМХИ, Рафаел Моше (Битола, 15. Ⅻ 1870 – Ерусалим, 1970) – револуционер, учесник во Илинденското востание. Бил припадник на ТМОРО, близок соработник на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров и др. Активно учествувал на конгресот на ТМОРО (1896), вмешан и во пленувањето на Мис Стон. Во Илинденското востание учествувал под псевдонимот „Скендер Бег”. Пред Втората светска војна во Солун бил тутор на битолската синагога „Ел Кал де лос Монастирлис”. Во почетокот на март 1943 г. се преселил во Софија, а оттаму се иселил во Израел (1948). Во Тел Авив го доживеал и својот стоти роденден. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *