КАЛЕ

КАЛЕ (Стрежево кај Битола, познато и како Габаловци, Ⅵ в.) – утврдена населба што се простира врз доминантна тераса на десниот брег на реката шемница, чија долина обилува со траги од експлоатација на железна руда. Тука минувал пат што ја поврзувал рудоносната област со Демир Хисар и егнацискиот пат. При изведбата на хидромелиоративниот систем Стрежево, на која $ претходат археолошки истражувања, тие се потопени со езерската акумулација. Утврдувањето, со површина од околу 2,5 хектари, било зајакнато со кули, со влез на северозападната страна и некропола надвор од неа. Југозападно од тврдината има остатоци од едновремена населба со ранохристијанска базилика, во чија близина е откриено богато депо на железни орудија и коњска опрема.ЛИТ.: Т. Јанакиевски, Кале, с. Стрежево-Битолско, извештај од заштитното археолошко истражување, МАА, 6, Скопје, 1983, 97–110. Љ. Ⅹ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *