КАВАЕВ, Филип Т

КАВАЕВ, Филип Т. (Струга, 1904 – Битола, 1974) – гимназијален професор по македонски јазик и литература, фолклорист. Беше пасиониран собирач на македонски народни умотворби, особено на народните песни за Битола и Битолско, еден од први-Филип Т. Каваев те членови на Здружението на фолклористите на Македонија и еден од основачите на Друштвото за наука и уметност во Битола (25. Ⅳ 1960). Автор е на голем број статии за македонскиот фолклор, посебно за народната поезија. Во неговата оставнина се останати голем број необјавени материјали. БИБ.: Битола, бабам Битола. Народни песни во кои се споменува Битола. Собрал, предговор и речник напишал проф. Филип Каваев, Битола, 1959. ЛИТ.: Трајко Огненовски – Ѓорѓи Танковски, Друштво за наука и уметност-Битола (1960-1990), Битола, 1990. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *