ИСТОЧНА ГРУПА ЈАЗИЦИ ОД СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО

ИСТОЧНА ГРУПА ЈАЗИЦИ ОД СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО. Носителите на источнословенските дијалекти во средината на Ⅰ в. од н.е. се шират на поголема територија на Источна Европа и веќе во крајот на Х-XI в. настанува старорускиот литературен јазик под силно влијание од писменоста на Охридскиот културен центар. Од ⅩⅤ в. во писменоста се изразуваат особености карактеристични за формирање на рускиот, украинскиот и белорускиот. Во ⅩⅤⅠⅠ и ⅩⅤⅠⅠⅠ в. кај украинскиот и кај белорускиот има застој во писменоста, со посебен израз на народната разговорна реч, додека рускиот јазик продолжува со писмената традиција.ЛИТ.: Федот П. Филин, Происхождение русского, украинского и белорусского /зѕков, Ленинград, 1972. К. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *