ЗДРАВСТВЕН ДОМ

ЗДРАВСТВЕН ДОМ -. здравствена установа што спроведува примарна и превентивна здравствена заштита во областа на општата медицина, итната медицинска помош, домашното лекување, заштитата на децата, младината, жените и работниците, пневмофтизиолошката и стоматолошката заштита, рендген и лабораториската дијагностика, поливалентната патронажа, епидемиолошката, санитарно-хигиенската и социјално-медицинската дејност, здравствената статистика и обезбедувањето со лекови. Здравствениот дом е организиран во повеќе служби според дејноста што се врши. Во дејностите се применува диспанзерски и тимски метод на работа. По потреба се организираат и други специјалистичко-консултативни и диспанзерски дејности. Должност на здравствениот дом е да организира породување со стручна помош – ако на тоа подрачје нема општа болница. Првите домови за народно здравје на територијата на РМ се формирале во текот на 1927 г. (во Битола, Куманово, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип) од дотогашните бактериолошки станици (Уредба за организација на хигиенската служба, 1927 г.) и особено по донесувањето на Законот за здравствените домови од 1959 г. (Сл. весник на НРМ 35/59). Од 1965 до 2004, во поголемите општини во Македонија здравствените домови заедно со општите болници биле во состав на медицинските центри. Во РМ во 2004 г. постоеле 34 здравствени домови. Д. Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *