ЗАНАЕТЧИСТВО

ЗАНАЕТЧИСТВО – значајна стопанска дејност, особено пред Втората светска војна, во која вработување и егзистенција, за себе и за своите семејства, наоѓаЗанаетчија за изработка на музички инструменти ле илјадници занаетчии, калфи и чираци. Во минатото, македонските занаетчиски производи биле на добар глас и тие, освен на локалните, се продавале и на пазарите низ Европа и во Мала Азија. Во Македонија биле развиени бројни занаети: кожарскиот, златаро-кујунџискиот, казанџискиот, ковачкиот, калајџискиот, капарскиот, шеќерџискиот, столарскиот, ткајачкиот, капамадискиот, лончарскиот, самарџискиот, сарачкиот и др. Исто така, било развиено и домашното занаетчиство (домашните ракотворби). Уште пред Втората светска војна, поради развитокот на индустријата и увозот на индустриски производи кои биле поквалитетни, естетски подотерани и поевтини, многу занаети исчезнале. Исто така и на многуте занаети што се задржаа по Втората светска војна во изминатиот период им претстоеше изумирање. Сепак, по Втората светска војна, стопанството на Македонија се карактеризираше со широко застапена занаетчиска дејност, која задоволуваше голем дел од широката потрошувачка на населението. Покрај нив се појавија нови, модерни занаети, пред сè услужни, како што се: електричарски, молерофарбарски, автомеханичарски, автолимарски, автоелектричарски, ролопластичарски, ТВ и аудио сервиси, сервиси за поправка на електрични куќни апарати, фризерски и др. Традиционално, занаетчиството се карактеризира со мал обем на дејност во одделни дуќани или занаетчиски претпријатија, со рачна работа и со заостаната организација на трудот. Исклучок прават добро опремените и организирани сервиси на странски и на домашни фирми. По осумдесеттите години на минатиот век занаетчиството претрепе квалитативни промени кои го претворија во мало стопанство во приватен и на општествен сектор. Но, и покрај тоа, терминот занаетчиство остана. Така, статистички, во Македонија (1984) беа регистрирани 91 „занаетчиска организација” со 6.944 вработени, а во „малото приватно стопанство” 11.882 занаетчиски дуќани со вкупно 19.479 сопственици и вработени. Во текот на 1993 г. бројот на занаетчиските претпријатија се зголеми и изнесуваше 713 со 6.701 вработен. Во наредниот период бројот на вработените, пред сè во производното занаетчиство, се зголемуваше. Во повоениот период општествениот производ и БДП во производниот дел на занаетчиството растеа со просечна годишна стапка 3,1%, т.е. со слична динамика како и угостителството и туризмот, градежништвото и земјоделството. ИЗВ.: Државен завод за стастистика, Статистички годишник на Република Македонија, за соодветните години.ЛИТ.: Тодор Мировски, Стопанството на Вардарска Македонија меѓу двете светски војни, МАНУ, Скопје, 1998; Никола Узунов, Стопанството на Република Македонија 1945–1990, МАНУ, Скопје, 2001. Д. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *