ДРЕНОВО, ГРАДИШТЕ, АУДАРИСТ

ДРЕНОВО, ГРАДИШТЕ, АУДАРИСТ (Аудариус) – антички град, еден од најголемите градови на кралството Пајонија во класичниот и во хеленистичкиот период. Пајонскиот град Аударист (Еурист) (идентификуван според Таб. Пеут. ИВ. 8; Геогр. Рав. ИВ. 196, 10), се протега на 12 римски милји на патот од Стоби кон Керамија, односно на 18 км од Стоби, на археолошкиот локалитет Градиште, под селото Дреново и над т.н. Раечка или Дреновска Клисура. Ридот јужно над клисурата е висок 60–140 м, со долга и тесна акропола и долги станбени градски тераси на западната и на јужната страна. Античкиот пат, доаѓајќи од Керамија, минувал околу Плоча, храм со некропола во југозападното подножје на градот, кон Стоби. На повисоката западна тераса Скала се наоѓа полуутврдено раноантичко предградие. Римската некропола се протега на падината на соседниот југозападен рид до чуката Валевица. Меѓу откриените остатоци од три римски хероони, се издвојува оној на Валевица, од типот Тиквеш, со архитектонски елементи на висок подиум, бочни плочи и двосливен покрив. Градската агора е идентификувана на југозападната карпеста рамнина. Во нејзиниот гоГрадиште – Деволград, с. Дреново – Градот Аударист од античкото време рен дел се наоѓа супструкција на градскиот жртвеник и темели на уште еден градски објект од камени архитектонски елементи, со подиум и со двосливни покривни сегменти однатре, оформени сводовидно од храм или, можеби, од градска порта. Откриени се движни наоди од класично, хеленистичко, римско време, од доцната антика и од средниот век. На јужниот дел од акрополата се откриени темели од мала средновековна црква од XI в. од н.е., преупотребени, исто така, во дреновската црква. Вкупната градска површина изнесува 17 ха. Наодите на пајонски монети, особено на последниот крал Дропион, сведочат за особено значајната улога на Аударист во рамките на Пајонија. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Топографија на Еу(да)рист, „Мацедониае Ацта Арцхаеологица”, 1, Прилеп, 1975, 173–197; С. Филипова, Архитектонска декоративна скулптура во Македонија 5–6 и 11–12 век, Скопје, 1997, 51–53. В. Л.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *