ДВОЈАНКА

ДВОЈАНКА (слагарка, двојно кавалче) – дрвен дувачки народен музички инструмент. Изработена е од дрво во надолжна призмовидна форма, со два паралелни цевчести отвора, со посебни засвирачи на горните отвори од мелодиските цевки („двојно кавалче“). На предната страна на десната мелодиска цевка има шест мелодиски отвори, а на другата мелодиска цевка има само еден мелодиски отвор што константно произведува еден тон – бордунира. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 41. Ѓ. М. Ѓ. Двокрилци