ДВИЖЕЊЕ ЗА САМООСОЗНАВАЊЕ И ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

ДВИЖЕЊЕ ЗА САМООСОЗНАВАЊЕ И ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ .1970” –. конспиративна македонска национална политичка организација во Пиринскиот дел на Македонија и на македонската емиграција во Софија (1968), составена од група македонски интелектуалци со цел да дејствува за признавање на македонската нација и да се бори за слободна обединета независна суверена македонска држава. Претставници на Движењето (1970), пред да бидат уапсени, емигрирале во СРМ (каде што не добиле политички азил), а оттука заминале во Западна Европа. Во Копенхаген (2/3. Ⅹ 1971) со ЦК на ОКМ постигнале согласност за обединување на Движењето со Организацијата на Ослободителниот комитет на Македонија. ЛИТ.: Д-р Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994. М. Мин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *