ДАВИД

ДАВИД (? – 976) – комитопул, најстариот син на комитот Никола. Со помладите браќа (Мојсеј, Арон и Самуил) се побуниле против бугарската (969) и византиската власт (976), по што владееле независно. Тој ја имал врховната власт. Набргу бил несреќно убиен од Власи сточари во месноста Убави Дабови, меѓу Костур и Преспа. Самуил го спомнува во епитафот (992/993). ЛИТ.: Ј. Иванов, Български старини из Македония. Фототипно издание, София, 1970, 23–25; С. Пириватрич, Самуиловата държава, обхват и характер, София, 2000. Б. Петр. Киро Давидовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *