ГУЊА

ГУЊА -. горна машка облека, изработена од клашна од природна темна волна, поставена, долга до колената и украсена со гајтани. Овој елемент претставувал статусен симбол, го изразувал социјалниот и економскиот статус на личноста што го носела. Била носена с” до втората половина на ⅩⅠⅩ в. Ј. Р.-П. Јасмина Гуњова ГУЊОВА, Јасмина (Штип, 26. IX 1966) – интерпретаторка на изворни и новосоздадени македонски песни. Завршила нижо музичко училиште во Штип и дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1990). Пет години работела во средното Текстилно училиште во Штип, а од 1994 г. живее во Скопје. Настапувала со КУД „Ванчо Прке” од Штип и со женската пејачка група „Астибијана”. Учествувала на многу музички фестивали во Македонија, Првиот албум го снимила во 1994 г. за Музичката и касетна продукција на МРТВ. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *