ГУСЛЕ

ГУСЛЕ (гусла, кемене, ќаменџе) – народен жичен гудачки музички инструмент. Изработен од издлабено парче дрво во крушковидна форма. Гудалото е рачно изработено во блага полукружна форма. Најчесто има три жици. Мелодијата се изведува на првата жица. Многу ретко се зафаќа третата жица, а средната константно бордунира празна, поради што гуслето спаѓа во бордунската група музички инструменти. Свирачот го држи гуслето пред себе во вертикална положба, најчесто во седечка позиција, потпрено на скутот. Уникатен е по тоа што тоновите се произведуваат преку допирање на жицата со ноктите, а не со меснатиот дел од врвот на прстите, како што е вообичаено кај свирењето на виолината и другите гудачки инструменти. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 51. Ѓ. М. Ѓ. Наум Гутевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *