ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ

ГУСЛАРСКИ ПЕСНИ -. песни што се придружувале со гусле или ќемене, кое се разликува од црногорските и српските гусли, како по обликот, така и по бројот на жиците, па и по особините на звукот. Овие песни, како и другите епски песни, по своите мелодиски особености, а пред с” по рецитативноста и изосилабичноста (еден тон на еден слог), се разликуваат од лирските, па и од јуначките песни од епохата на Илинден. Евидентен е и забележително доминантен наративниот карактер на стиховата содржина, кон која се приспособени едноличните движења на мелодиските мотиви, ограничени како по својот амбитус исто така и по формата, тонските низи и метроритмичките структури. ЛИТ.: Ѓорѓи М. Ѓорѓиев, Музичките особености на епските народни песни од Титоввелешко, „Македонски фолклор“, ⅩⅪ, 42, Скопје, 1986. Ѓ. М. Ѓ. Гусле (кемене)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *