ГУСКОВА, Елена Јурјевна

ГУСКОВА, Елена Јурјевна (Москва, 1949) – руска историчарка. Историја студирала на Московскиот државен универзитет. Раководител е на Центарот за проучување на современата балканска криза при Славистичкиот институт на Руската академија на науките. Работела како стручњак за Балканот во штабот на мировните сили на Обединетите нации во Загреб (1994). Член на САНУ од 2006 г. Објавила повеќе од 250 научни и стручни труда. Повеќе години го истражува албанското прашање во РМ. БИБ.: Македония – путъ к самостоятелÝности, Москва, 1997 (ред.); Историја југословенске кризе, И, Ⅱ, Београд, 2003. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *