ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич

ГУСЕВ, Виктор Евгенјевич (Мариупол, Украина, 2. Ⅴ 1918 – Санкт-Петербург, 2003) – руски славист и македонист, фолклорист, етнограф, историчар и теоретичар на уметноста, литературата и културата. Средно и музичко образование завршува во Гомељ (Белорусија), а високо во Институтот за историја, филозофија и литература во Москва. На-учната дејност ја започнува во Москва (1938) и како доброволец учествува во Втората светска војна (1941–1945). Преподавател во Челјабинскиот педагошки институт (1946–1955), научен секретар во Институтот за руска литература (Пушкински дом) во Ленинград (1955–1969), проректор за научната дејност во Ленинградскиот институт за театар, музика и кинематографија (1969–1979) и професор на Катедрата за филозофија и естетика на Академијата за театарска уметност во Санкт-Петербург. Кандидатската (1953) и докторската дисертација (1965) ги одбранува во Институтот за етнографија. Редовен член на Академијата за хуманитарни науки (1994). Автор на голем број одделни славистички публикации од областа на естетиката и теоријата на народното творештво; методологијата и историографијата на фолклористиката, етнографијата и славистиката; теоријата и методиката на комплексното проучување на фолклорот; историјата на народниот театар; поетското творештво на словенските народи во Втората светска војна, посебно на македонското поетско народно творештво во РМ и во Пиринско; современите процеси во народната култура. Учесник во многу национални и меѓународни асоцијации, научни собири и конгреси, вклучително и во Македонија. Како претседател на Комисијата за словенскиот фолклор при Меѓународниот комитет на славистите, јавно се залага во заштита на историското име и за меѓународно признавање на РМ (1992). БИБ.: Проблемì фолÝклора и истории Ìстетики, М.-Л., 1963; Ïстетика фолÝклора, Л., 1967; Истоки русского народного театра, Л., 1977; Славянские партизанские песни, Л., 1979; Русский фолÝклорнÎй театр ⅩⅤⅠⅠ – начала ⅩⅩ века, Л., 1980; Русская народная художественная кулÝтура. Теоретические очерки, СПб., 1993; Восточнославянский фолÝклор. СловарÏ научной и народной терминологии шкоавторќ, Минск, 1993. ЛИТ.: Виктор ЕвгенÝевич Гусев. Библиографический указателÝ научних трудов (1941–1981). Сост. Л. Ивлева, Л., 1984; МатериалÎ к библиографии научнìх трудов Виктора ЕвгенÝевича Гусева, СПб., 1997; М. œ. МелÝц, В. Е. Гусев как фолÝклорист. Œбилей ученого, „Русский фолÝклор”, т. 25, Л., 1989, 212–220; Б. Н. Путилов, Виктор ЕвгенÝевич Гусев, „Славяноведение”, 1, М., 1994, 124–125. Бл. Р. Гуски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *