ГУРГУР ТУМБА

ГУРГУР ТУМБА (Битола) – неолитска населба. Се наоѓа на периферијата на градот, близу фабриката „Битолатекс“. Претставува тумба со пречник во основата од 250 м и висина 3 м. Со пробните сондажни ископувања (1952 и 1981), во организација на тогашниот Народен музеј, бил утврден културен слој дебел 3,50 м со артефакти од две фази на живеење, од времето на средниот неолит на Велушко-породинската културна група. ЛИТ.: Драгица Симоска – Воислав Санев, Неолит во Централна Пелагонија. Ката-лог, Народен музеј Битола, Битола, 1976, 40. В. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *