ГУЛИ, Питу

ГУЛИ, Питу (Крушево, 1865 – Мечкин Камен, 13. Ⅷ 1903) – револуционер, војвода на ТМОРО (од влашко потекло). Извесно време престојувал како печалбар во Софија, од каде што со чета преминал во Македонија (1885). По нејзиното разбивање кај Демир Капија, бил заробен и суден во Солун, по што одлежал седум години робија во Дијарбекир (Мала Азија). Откако се вратил во Крушево (1894), се вклучил во ТМОРО. Подоцна пак заминал на печалба во Бугарија, од каде што се вратил со мала чета во Крушевско (март 1903). Бил член на Крушевскиот реонски востанички штаб и при ослободувањето на градот командувал со голем востанички одред во борбите за освојување на османлиската касарна. По османлискиот контранапад одбил да се повлече со главнината на востаничките сили и своите востаници ги распоредил на Мечкин Камен, бранејќи го Крушево, каде што и херојски загинал. Опе-ан е во бројни народни песни. ЛИТ.: Македонски револуционерни народни песни за Гоце Делчев, Јордан Пиперката и Питу Гули. Избор, редакција и забелешки д-р Блаже Ристовски, Скопје, 1974; Д-р Блаже Ристовски, Питу Гули во македонската револуционерна народна песна. (Како се создаваше легендата за симболот на илинденското Крушево и за Мечкин Камен како апогеј на одбраната на слободата), „Прилози за Илинден 1978”, Ⅱ, Крушево, 1979, 793–804; Манол Пандевски, Питу Гули (1865–1903) – биографски осврт, „Прилози” на МАНУ, ⅩⅤⅠ, 2, Скопје, 1985, 45-70; Кочо Топузовски, Питу Гули – живот и дело, Крушево, 1995; Д-р Симо Младеновски, Питу Гули во документацијата од НОБ, Зборник на трудови од меѓународниот научен симпозиум „Власите на Балканот” одржан на 78 ноември 2003 година во Скопје, Скопје, 2005, 141–150; истиот, Одбраната на слободното Крушево во Илинденското востание, 100 години Илинден 1903-2003. Прилози од научниот собир одржан на 6-8 мај 2003, Ⅱ, МАНУ, Скопје, 2005, 71–89. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *