ГУЛЕСКИ, Мартин

ГУЛЕСКИ, Мартин (Струмица, 6. Ⅲ 1945) – архитект. Дипломирал на Политехничкиот факултет во Лавов, Украина (1969), магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1986), а докторирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Професионалната активност ја започнал во „Пелагонијапроект”, а од 1972 г. е на работа на Архитектонскиот факултет како асистент. Редовен професор е по предметот проектирање општествени згради. Учествувал, претежно тимски, на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Како проектант најмногу се посветувал на домувањето, особено на индивидуалните куќи, реализирани во: Скопје, Делчево, Дојран, Велес и др. Од 2003 г. е амбасадор на РМ во Украина. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *